Фиорентина објави дека тренерот Винченцо Италијано го продолжил договорот до 2024 година што значи дека нема потреба да бара нов стратег. Освен тоа постои опција за продолжување на дополнителни 12 месеци, ако тимот игра успешно во новата сезона.
Со тоа е ставен крај на шпекулациите дека Италијано заминува од Фиренца затоа што се договорил со друг клуб. Иако претходниот договор на тренерот ја покриваше и идната сезона, сепак, клубот реши да му понуди нов договор со подобрени финансиски услови за да не ризикув да го изгуби. Тој дојде летото минатата година на местото на Џенаро Гатузо кој го предводеше тимот до седмото место на табелата и излез во Европа за прв пат по 2017 година.
„Фиорентина со задоволство објавува дека тренерот Винченцо Италијано и неговите помошници ги продолжија договорите до крајот на сезоната 2023/24, со тоа што клубот има опција да го продолжи на уште една сезона“, соопштија од Фиорентина.