Одличен меч и одлични 2:2 за нашиот Шкупи во Истанбул на пријателската средба против турскиот гигант Фенернахче. Чаирчани двапати водеа, а домашниот состав двапати израмнуваше, за да на крај во финишот да се спаси од пораз.
Инаку овој пријателски натпревар се одигра попладнево на спортскиот комплекс на Фенербахче во Истанбул.
Нашиот шампион поведе во 12.минута и тоа откако Фреди Алварез асистираше а Сандеј Адетунџи стрелаше во мрежата на Фенер за 0:1. Сепак пет минути подоцна, домашните израмнија на 1:1 и тоа со голот на Линколн.
Само што започна вториот дел, Шкупи одново поведе и тоа со 1:2. Одново Алварез асистираше а Адетунџи погоди.
И така беше се до 82.минута кога Фенербахче успеа да израмни на 2:2.
Резултат со кој заврши овој пријателски дуел.
Инаку овој натпревар сратегот на нашиот шампион, Гоце Седлоски, го започна со следните единаесетмина: Наумовски, Сенгор, Маргвелашвили, Брдаровски, Шеји, Златков, Алварез, Куевен, Хамиди, Данфа, Адетунџи.
Во продолжение од средбата шанса добија уште неколкумина играчи на тимот од Чаир.