Реал Мадрид и Ла Лига се уште не можат да поверуваат како Пари Сен Жермен ги заобиколува правилата на финансискиот фер-плеј и потпишуваат богати договори со фудбалерите. Се уште е свеж случајот со Килијан Мбапе кој по неколку месечна сага, конеччно, потпиша нов договор со парискиот клуб.
Со тоа Реал „извиси“, а луѓето од „Бернабеу“ беа лути на ова, а Ла Лига поднесе и жалба до УЕФА поради начинотна финансирање и функционирање на ПСЖ и случајот со Мбапе. Првиот човек на Ла Лига Хавиер Тебас вели дека УЕФА мора сериозно да се подзанимава со работењето на ПСЖ. На тоа одговори и првиот човек на ПСЖ Насер Ал-Келаифи.
„Тебас? Не го познавам. Нека си се грижи за Ла Лига, која е мртва, а не да дава лекции на другите. Нашиот начин на функционирање е така што не се мешаме во работите на другите тимови, лиги и федерации. Ние имаме фудбалски проект и ќе продолжиме напред со него“, кажа Ал-Келаифи.