Добра или лоша вест за навивачите на Јунајтед? Тен Хаг не се откажува од Мегваер

217

Манчестер Јунајтед е подготвен да го задржи Хари Магваер во тимот, но ќе мора да ангажира нов централен бек откако тимот го напуштаат Ерик Бејли, Фил Џонс и Аксел Туанзебе ова лето.

Иднината на капитенот на „Олд Трафорд“ беше доведена во прашање по лошата сезона, но новиот тренер Ерик тен Хаг планира да го задржи Мегваер како еден од неговите главни централни дефанзивци покрај Рафаел Варан и Виктор Линделоф.

Според англискиот печат нов дефанзивец на Јунајтед би можел да стане Јуриен Тимбер, кој играше под водство на Тен Хег во Ајакс.

ПретходноСтојановски на 40. место во квалификациите на 200 метри градно на СП
СледноМладите надежи на Симиќ од денеска се во Маврово