Драган Бајиќ со дополнителен повик за дуелите со Шпанија и Украина!

457

Македонската кошаркарска репрезентација на почетокот на месец јули ќе ги одигра последните две квалификациски средби од првата фаза за пласман на Светското првенство 2023 година.

Шпанија и Украина се противниците на Драган Бајиќ и неговите избраници. Списокот и овој пат ќе биде поинаков, Македонија нема да настапи во најсилен состав. Предводникот на нашиот национален тим нема да смета на Бобан Стајиќ, Ненад Димитријевиќ и Џејкоб Вајли, на спискот не се најдоа ниту Дамјан Стојановски и Андреј Магдевски. Капитенот на МЗТ Скопје вторпат не е во тимот, додека најдобриот македонски кошаркар за изминатата година има повреда која мора да ја санира.

Токму затоа Бајиќ на списокот стави млади имиња, а пред стартот на подготовките кои се закажани за 25. овој месец, дополнително го повика Виктор Ташовски од ТФТ. Овој 20-годишен кошаркар имаше одлична сезона во дресот на освојувачот на Купот на Македонија, па тој како и останатите млади сили ќе имаат шанса да се изборат за место во најдобриот национален тим.

Македонија на први јули игра против Шпанија на гости, дуел кој се игра во Сарагоса, додека на 5. истиот месец на домашен терен ја прекечува Украина. Со овие две средби „црвено-жолтите“ ја завршуваат квалификациите во кои до сега немаат победа.

ПретходноРакометарите тргнаа да го освојат Алжир!
СледноСтруга ТЛ го продолжи договорот на капитенот Таири