Лидс Ј. не е задоволен од последната понуда на Арсенал за крилниот напаѓач Рафиња.
Лондончани беа подготвени да платат многу помалку од бараната сума за 25-годишниот Бразилец, што автоматски значеше дека Лидс ќе ги прекине преговорите.
Лидс го процени Рафиња на нешто повеќе од 50 милиони фунти, сума која Арсенал очигледно нема намера да ја плати. Самиот играч повеќе би сакал да се пресели во Барселона, но каталонскиот клуб нема финансии за да го купи ова лето.
Сега Лид останува да поразговара со Челзи и Тотенхем кои исто така се заинтересирани за фудбалерот.