Еден од најдобрите кошаркари на сите времиња, Карим Абдул-Џабар го искажа своето гледиште за кошарката која се игра во НБА лигата. Тој вели дека се се претворило во натпревар во шутирање на тројки.
„Искрено, според мене денешната НБА лига личи на натпревар во шутирање на тројки. Во мое време имавме по десет обиди за три поени по меч, а сега ги има по 20 во една четвртина. Некој тоа го сака, но за мене тоа не е интересно“, рече Џабар.
Интересно, во текот на кариерата Џабар дал само една тројка, но без оглед на тоа е најдобар стрелец во историјата на НБА лигата.
„Мислам дека тоа беше мојот единствен шут за три поени во кариерата. Се сеќавам дека топката се одби во аголот, јас едвај ја фатив се свртив и погодив. Ни пред тоа ни после тоа не се ни обидував“, додаде некогашниот кошаркар н Л.А. Лејкерс.