Македонија со пад на ФИФА листата од две места

133

Со оглед на половичниот успех на четирите мечеви од јунскиот циклус од Лигата на Нациите во кој Македонија играше против Бугарија, Грузија и Гибралтар, следува пад на најновата ФИФА листа од две места.

Досегашното 62. место на листата е заменето со 64. место на кое во моментов се наоѓа Македонија. На местото на Македонија влезе репрезентацијата на Јамајка со која практично си ги заменивме местата.

Бразил и натаму е прв на листата пред репрезентацијата на Белгија, додека сега трета е Аргентина пред селекцијата на Франција.

 

 

ПретходноРК Вардар: Немаме тужба од никого, ќе останеме број еден спортски бренд!
СледноИграч на Дерби го откачи Јунајтед – потпишува за Кристал Палас