Нејмар на 1 јули ќе го продолжи договорот со ПСЖ

156

Се појавија неколку информации поврзани со Нејмар. Во текот на вчерашниот ден беше дека ПСЖ може да му го позајми бразилскиот напаѓач на Јувентус, но сега има друга информција.
Според „Екип“ Нејмар има клаузула во договорот кој го потпиша пред година и пол, дека на1 јули, договорот автоматски ќе му биде продолжен до 1 јули 2027 година. Без таа клаузула, договорот му истекува на 1 јули 2025 година.
Па така доколку ПСЖ сака да се ослободи од него и неговите високи примања затоа што е најплатен фудбалер на ПСЖ, ќе мора што побргу да најде купец или барем да го испрати на позајмица.
Од друга страна Нејмар не е расположен за заминување затоа што е свесен дека во друг клуб би добивал многу помала плата.

ПретходноЧаланоглу го прозва Ибрахимовиќ: Што се перчи кога тој не даде никаков придонес за Скудетото…
СледноИнфантино му се закани на Катар со одземање на СП