Нов пораз за македонскиот репрезентативец, Езгијан Алиоски и неговиот тим Ал Ахли. Во рамките на 29. коло во шампионатот на С.Арабија беше поразен од Ал Реад со 1-3 на домашен терен.
По овон пораз Ал Ахли се наоѓа пред испаѓање, се на наоѓа на едно од трите место кои носат пласман во понизок ранг. Македонскиот репрезентативец се најде во стартниот состав на неговиот тим, го одигра целиот меч и беше асистент на единствениот гол кој го постигна Ал Ахли на оваа средба. Алиоски го проигра Едуардо, кој пак во продолжението успеа да се запише во листата на стрелци.