Бајиќ ги одбра кошаркарите за јулските квалификации

243

Селекторот на нашата машка сениорска репрезентација, Драган Бајиќ, го објавува списокот на кошаркари на кои ќе смета за јулскиот ФИБА „прозорец“ од квалификациите за Светскиот Куп во 2023 година.

Со оглед на краткиот временски период до првите квалификациски обврски, односно наредниот натпревар од квалификациите за СК, закажан за 1.јули, кога гостуваме репрезентацијата на Шпанија, селекторот Бајиќ се определи за еден потесен список од 14. кошаркари.

Првиот собир на сениорскиот национален тим  е предвиден да биде на 25. јуни, во салата на А1 Арената „Борис Трајковски“ во Скопје, во 10.часот, каде „црвено-жолтите“ ќе се подготвуваат до заминувањето за Сарагоса, како и по враќањето за Шпанија

Инаку, освен дуелот со Шоанија во Сарагоса, нашата сениорска селекција ќе одигра уште еден натпревар во јунскиот квалификациски циклус за пласман на Мундобаскетот.

На 4. јули, во А1 Арената „Борис Трајковски“ во Скопје, од 18.часот, ни гостува селекцијата на Украина.

Војдан Стојановски – МЗТ Скопје Аеродром
Бојан Крстевски – МЗТ Скопје Аеродром
Адем Мекиќ – МЗТ Скопје Аеродром
Кристијан Николов – МЗТ Скопје Аеродром
Дамјан Робев – МЗТ Скопје Аеродром
Стојан Ѓуроски – Пелистер
Андреј Маслинко – ТФТ
Страхил Николов – ТФТ
Виктор Ташовски – ТФТ
Виктор Ефремовски – Гостивар
Валмир Какруки – Работнички
Теодор Симиќ – Барселона-Шпанија
Андреј Јакимовски – Вашингтон Стејт (НЦАА-САД)
Рубин Стефанов – Италија
СЕЛЕКТОР: Драган Бајиќ

ПретходноНотингем го урива клупскиот рекорд со трансфер на Нигериец
СледноЗидан: Еден ден ќе бидам селектор на Франција, а можеби и тренер на ПСЖ