Сакраменто го победи Лос Анџелес Галакси и е во полуфиналето на МЛС, а во центарот на вниманието беше напаѓачот на победничкиот тим Даглас Мартинез кој го направи најлошото симулирање во историјата на фудбалот.
Се играше 74 минута кога дојде до контакт меѓу него и Ник Депуј. Судијата свирна фаул во корист на тимот од Лос Анџелес, затоа што Даглас направи фаул. Меѓутоа, тој се превртуваше по тревникот како да бил жестоко удрен од противникот.
Сепак, судијата не „падна“ на глумата на играчот.
Watch how far he rolled after the foul 😂 pic.twitter.com/I8KBH85X6Q
— ESPN FC (@ESPNFC) June 22, 2022