Дарбо пред трансфер во Русија, Шкупи чека да наплати 20%

3225

Некогашниот напаѓач на тимот на Шкупи, Дембо Дарбо откако направи трансфер во тимот на Шахтјор Солигорск дефинитивно потврди дека е вреден за секое евро вложено во него и неговиот откуп. На педесет мечеви за овој клуб Дарбо постигна 26 гола, а додаде и 13 асистенции. По ова, нормално е, интернационалецот од Гамбија да да добие екстра понуди за трансфер на далеку повисоко ниво, како на пример од шампионатот на Русија.

Тамошните медиуми на големо пишуваат дека Дарбо е мета на неколку руски премиерлигаши и дека летово ќе почне лицитација за него ангажман во буквална смисла.
Тоа нас и не би не засегало многу ако во тој „дил“ секако не е вмешан и нашиот актуелен шампион, тимот на Шкупи, кој при продажбата на Дарбо во Белорусија направи екстра дил кој вели дека има 20% од следниот трасфер на напаѓачот.
Па така, милионскиот траснфер на Дарбо летово, секако дека ќе донесе и многу насмевки на Чаир, каде што на големо се подготвуваат за долго Европско лето, па финансии секако дека се добредојдени.

 

 

ПретходноСерафимов се збогува со Залаегерсег
СледноШкупи го договори и Пепи Георгиев!