ЕХФ со потврда: Македонија без претставник во Лигата на Шампионите!

223

Откако ЕХФ соопшти дека на Вардар му се одзема правото, поради неплатени долгови, да настапи во следната сезона во Лигата на Шампионите, денеска дојде уште еден „студен туш“ што се вели од раководството на ЕХФ. А тоа е дека Македонија за сезоната 2022/23 нема да има претставник во најквалитетното ракометно клупско натпреварува. Ова го велиме поради фактот дека имаше некои најави дека Е. Пелистер би можел да игра место Вардар.

Но денеска ЕХФ тоа и официјално го демантира и го објавија списокот на екипи кој аплицирале и кои можат да се надеваат дека би играле во ЛШ.

Имено се знае дека ќе има 16 клубови во ЛШ а досега девет го имаат загарантирано тоа место.

Тоа се екипите на ГОГ (Данска), Барселона (Шпанија), ПСЖ (Франција), Магдебург и Кил (Германија), Пик Сегед (Унгарија), Порто (Португалија), Кјелце (Полска), Динамо Букурешт (Романија).

Од земјите кои веќе имаат по еден претставник за втора вајлд – карта аплицираат Алборг (Данска), Гранољерс (Шпанија), Веспрем (Унгарија), Нант (Франција), Висла (Полска), Спортинг (Португалија) и Баја Маре (Романија).

Истовремено шест клубови од Лига Европа аплицираа за ЛШ, а тоа се екипите на ППД Загреб, Елверум, Целје, Иштад, Шафхаузен, Мотор Запорожје.

ПретходноАбердин потврди, се договоривме со Бојан Миовски
СледноСерафимов се збогува со Залаегерсег