Инфантино му се закани на Катар со одземање на СП

481

Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино му се закани на Катар дека може да му ја одземе организацијата на Мундијалот доколку нема гаранции дека домаќинот ќе ги прифати сите навивачи, тука пред се се мисли на припадниците на ЛГБТ заедницата.

Хомосексуалноста во Катар е забранета со закон, па припадниците на ЛГБТ заедницата стравуваат за својата безбедност. Можат да завршат и повеќе години во затвор.
Неодамна се појави и информација дека во Катар сексуални односи смеат да имаат само брачни другари. За сите други следува затворска казна и до седум години.„Доколку Катар не понуди гостопримство за секој, без никакви предрасуди и селектирвност, нема да го организира Мундијалот. Светското првенство е настан кој ги собира сите луѓе и нема место за никаква дискриминација по никаква основа“, изјави Инфантино.

ПретходноНејмар на 1 јули ќе го продолжи договорот со ПСЖ
СледноКавани може да заврши во Рајо како соиграч на Димитриевски