МЃП се пофали со Зука и Перез во Маврово

743

Со заедничката фотографија на која се наоѓаат Фисник Зука и Мена Перез, тимот на Македонија ЃП на јавноста и претстави дека овие двајца досегашни членови на екипата на Ренова следната сезона ќе ги гледаме во Ѓорче Петров.

„Лавовите“ се веќе неколку дена на базични подготовки во Маврово, каде што ја темпираат формата за европските предизвици ова лето, а напоредно го склопуваат и тимот кој ќе има доста ангажман следниво период.

Зука и Перез имаа сериозна улога во тимот на Ренова измината сезона но по случувањата во овој клуб прибежиште најдоа во МЃП.

 

ПретходноПознати се првите 30 добитници на награди од наградната игра „играј, собирај и освој“
СледноФК Сараево официјално: Крсте Велкоски си заминува