Официјално: На СП во Катар секоја репрезентација ќе може да има тројца фудбалери повеќе!

271

Како што и се најавуваше, но од денеска тоа е официјално. Имено ФИФА објави дека секоја репрезентација на Мундијалот во Катар ќе може да има 26 место 23 фудбалери. Ова е поради коронавирусот, што секако дека е добра вест за селекторите на сите репрезентации кои ќе играат на СП во Катар. И сите 26 фудбалери, односно 15 резезерви ќе можат да седат на клупата и да бидат внесени во записник како во секој момент би влегле на терен.

ФИФА информираше дека последен рок за пријавување на списокот на играчите кои ќе настапат за 32 селекции на Мундијалот е 13 ноември.

Да потсетиме дека СП во Катар ќе трае од 21 ноември до 18 декември, а се отвара со натпреварот Холандија – Сенегал.

ПретходноВо Баерн се насмеале на последната понуда на Барса за Левандовски!
СледноФИБА го објави списокот на екипите кои ќе играат квалификации за ЛШ, ТФТ го нема!