Познати се сите клубови за сезоната 2022/23 во ВМФЛ…Вардар, Пелистер, Караорман, Гостивар…

4479

Може да се каже дека вчера и официјално, со одигрувањето на баражите за пласман во единствената ВМФЛ и официјално заврши сезоната 2021/22 во мак фудбалот.

Караорман и Арсими славеа над Вардар (Н) и Овче Поле па така се изборија за учество во ВМФЛ за следната сезона 2022/23 која стартува на 14 август.

Познато е дека сега место две ќе има само една втора лига во која ќе има 16 клубови.

Сега и официјално познати се сите 16 клубови кои од август оваа година па до мај 2023 ќе се борат за пласман во ПМФЛ.

Тоа се екипите на Вардар (Скопје), Борец (Велес), Пелистер (Битола), Воска (Охрид), Охрид (Охрид), Тетекс (Тетово), Гостивар (Гостивар), Беса (Добри Дол), Беласица (Струмица), Слога (Виница), Каменица Саса (Македонска Каменица), Кожуф (Гвегелија), Детонит (Радовиш), Пехчево (Пехчево), Караорман (Струга) и Арсими (Чегране).

ФОТО: FK Karaorman Facebook

ПретходноПознат распоредот во Ла Лига: Столе почнува на “Камп Ноу“…
СледноДејвис куп: Македонија ја победи Црна Гора со 2:1!