Јордан Серафимовски, Бојан Рајков и Бурхан Алији и натаму ќе бидат дел од тимот на Силекс.
Стандардните првотимци на тимот од Кратово изминатата сезона се наградени со нови договори за верност кон клубот и за помошта кога Силекс мораше да се избори за нов прволигашки статус.
Сега, Силекс како член на ПМФЛ има амбиција да биде што поконкурентен следната сезона, па оддтаму и доста активниот транфер период на управата ова лето.