Никола Серафимов летово ќе има нов клуб. Спортмедиа дознава дека стоперот на македонската фудбалска репрезентација нема да се врати во неговиот сегашен клуб Залаегерсег по паузата, туку ќе направи трансфер.
Неколку клубови се во игра но каде дефинитивно ќе замине Серафимов ќе се дознае до крајот на неделава.
Само за потсетување, Серафимов одигра и повеќе од добра сезона во таборот на Залаегерсег, имаше полна минутажа, се здоби со статусот на стандарден репрезентативец на Македонија и нормалено е да се искачи скалило погоре во енговата кариера.