Урош Мирковиќ со кам-бек во Тиквеш

1061

Екипата на Тиквеш потпиша старо-ново име за претсојната сезона. Играчот за врска Урош Мирковиќ ги засили редовите на тимот од Кавадарци.

Интернацоналецот од Србија веќе одработи еден краток мандат во Кавадарци, а ете сега управата на кавадаречкиот тим одлучи повторно да го ангажира.

Мирковиќ би требало да се појави на подготовките на Тиквеш веќе утре и ќе биде второто потврдено засилување за новата сезона по Ѓурковски ова лето.

ПретходноВардар 1961 го чека мрак на меѓународна сцена! Дали доаѓа најлошата сезона?
СледноЌумбев за полските медиуми: Лехиа е фаворит, но не би ги отпишал “пандевци“ предвреме…