ФИБА го објави списокот на екипите кои ќе играат квалификации за ЛШ, ТФТ го нема!

216

ФИБА денеска го објави официјалниот список на тимовите кои ќе се натпреваруваат во следната сезона во Лигата на шампиони, како и оние кои ќе се борат за четирите места кои водат во групната фаза. Единствениот македонски претставник, ТФТ кој пријави учество не се најде во вториот список од 24 екипи.

Вкупно 70 екипи се пријавиле за настап во Лигата на шампионите, 24 ќе бидат дел од квалификациите и ќе се придружат на 28 екипи кои имаат обезбедено директно место. Тимовите за влез во битката за групната фаза се селектираат според ранкингот, тимот од Тафталиџе е на 25. место.

Сепак шансата за настап во ова натпреварување постои. Истата е во рацете на По Ортез, поради финансиски проблеми, поточно долгувања овој тим се уште нема лиценца за настап во ЛШ. Доколку не ги реши истите во групната фаза на негово место ќе влезе Стразбург, додека ТФТ ќе добие место во квалификациите!

 

ПретходноОфицијално: На СП во Катар секоја репрезентација ќе може да има тројца фудбалери повеќе!
СледноВардар 1961 го чека мрак на меѓународна сцена! Дали доаѓа најлошата сезона?