ФК Сараево официјално: Крсте Велкоски си заминува

236

По децениски престој и статус на икона во клубот, Крсте Велкоски повеќе не е дел од тимот на Сараево.

Искусниот напаѓач и клубот го раскинуваат актуелниот договор, а ова ФК Сараево и официјално го потврди преку соопштение. Со ова завршува една цела ера и за клубот но и за нашиот интернационалец и екс репрезентативец кој во овој клуб мина најмногу сезони како активен играч досега.

„Крле, фала ти за се“  – напиша ФК Сараево додавајќи дека ова не е збогум ова е само довидување затоа што за Велкоски вратите на клубот секогаш ќе бидат отворени.

ПретходноМЃП се пофали со Зука и Перез во Маврово
СледноАбердин потврди, се договоривме со Бојан Миовски