Шкупи се раздели со Радески и Стоилов, Имери се враќа во Бодрумспор!

866

Марјан Радески, Ѓорѓи Стоилов и Омар Имери не се веќе членови на нашиот шампион, на тимот на Шкупи. Имено попладнево од клубот и официјално објавија дека Шкупи ја раскинува соработката со Радески и Стоилов, а Имери со оглед на тоа дека тој на Чаир беше како позајмен играч, ќе мора да се врати во Бодрумспор.

Од Шкупи не заборавија да им се заблагодарат на досегашните свои фудбалери за нивниот придонес во успесите на клубот и дека им посакува многу среќа во иднина.

ПретходноСерафимовски, Рајков и Алији верни на Силекс
СледноЈа освои Лига Европа па на 29 години замина во пензија!