Ја освои Лига Европа па на 29 години замина во пензија!

1801

Шок во Ајнтрахт Франкфурт, во тимот кој што пред еден месец ја освои Лигата на Европа. Имено Мартин Хинтерегер, репрезентатовецот на Австрија, иако има само 29 години, јавно се огласи и кажа дека нема намера веќе да игра фудбал и дека ќе оди во пензија.

Тој во образложението за овој негов потег посочи дека е преморен и дека неговото тело не може веќе да го издржи напорот.

Сепак во јавноста во Австрија и Германија се коментира дека зад оваа негова одлука стои јавниот линч врз него откако организирал фудбалски натпревари со политичари од крајната десница во својата земја.

Хинтерегер ова го демантираше.

ПретходноШкупи се раздели со Радески и Стоилов, Имери се враќа во Бодрумспор!
СледноПознат распоредот во Ла Лига: Столе почнува на “Камп Ноу“…