Спортмедиа дознава дека Илчо Ѓорѓиоски нема повеќе да биде тренер на екипата на Брегалница. Иако искусниот стратег мина само неколку месеци на кормилото на клубот од Штип, очигледно дека работите не функионираат како што треба па управата на клубот се одлучува за промени уште пред стартот на подготовките за следната ПМФЛ сезона.
Ѓорѓиоски не ја донесе потребната промена на повеќе нивоа во клубот, пред се организациски, но главно резултатски и тој е еден вид разочарување. Спортмедиа дознава дека меѓу него и управата имало периодов сериозни несогласувања околу начинот на кој се води трансфер политиката ова лето, како и распределбата на буџетот за идната година, па разидувањето очигледно дека е неминовно.
За утре се очекува и официјализација на оваа најава за смена на Ѓорѓиоски, па потоа нормално дека ќе се стартува и со потрага по негова замена.