Шок во Ајнтрахт Франкфурт, во тимот кој што пред еден месец ја освои Лигата на Европа. Имено Мартин Хинтерегер, репрезентатовецот на Австрија, иако има само 29 години, јавно се огласи и кажа дека нема намера веќе да игра фудбал и дека ќе оди во пензија.
Тој во образложението за овој негов потег посочи дека е преморен и дека неговото тело не може веќе да го издржи напорот.
Сепак во јавноста во Австрија и Германија се коментира дека зад оваа негова одлука стои јавниот линч врз него откако организирал фудбалски натпревари со политичари од крајната десница во својата земја.
Хинтерегер ова го демантираше.