Познато е дека во рамките на 1.квалификациско коло во Лигата на Конференции, нашиот претставник, тимот на Академија Пандев за ривал го доби силниот состав на Лехиа од Гдањск.
Мечевите се закажани за 7 јули во Полска и на 14 јули на ФФМ во Скопје.
И јасно е, кога некој наш тим или репрезентација игра со екипа од Полска, или со репрезентацијата на таа земја, тогаш “главен“ за медиумите во таа земја е нашиот некогашен репрезентативец Панче Ќумбев, кој долги години играше во неколку клубови во таа земја, сепак посебен печат остави кога беше член на Легија Варшава.
Па така за медиумите во Полска покрај другото истакна…
“Како прво јас како Македонец ќе навивам за Академија Пандев. Инаку јасно е дека Лехиа е фаворит, да не се лажеме, но сепак не би ги отпишал предвреме `пандевци` кои се опасни посебно кога играат на свој терен. Струмичани просто пленат со својот офанзивен начин на игра. Немаат меѓународно искуство, но имаат младост и квалитет. Газда на клубот е Горан Пандев, тој инсистира во неговиот клуб да има млади и талентирани момци, секако дека има и странци, но тие се тука само да го надополнат квалитетот на тимот“ посочи Ќумбев.