Македонскиот репрезентативец, Бојам Миовски и официјално направи трансфер во редовите на шкотскиот тим Абердин. Миовски потпиша четиригодишен договор, а челниците на клубот за неговите услуги искеширале 536.000 фунти.
Нашиот фудбалер после две сезони минати во дресот на МТК Будимпешта, одлучи да си замине, бидејќи овој тим испадна од унгарската елита.
Миовски постигна два гола за репрезентацијата на Македонија во триумфот од 4:0 против Гибралтар, во Лигата на нации. Инаку во националниот тим до сега има десет настапи.