Каков пресврт. Вчера имаше разделба меѓу Брегалница и Илчо Ѓорѓиоски, за да денеска попладнево клубот излезе со официјална информација дека поранешниот прв човек на ФФМ ќе седи на клупата на „сините“ до 2025.
Навистина чудно! Да не кажеме шокантно.
Како ли сега ќе реагира фудбалската јавност во градот под Исарот, можеме само да претпоставиме.
„Потпишавме нов договор за соработка со Илчо Ѓорѓиоски, на тој начин јасно останувајќи на зацртаниот пат за издигнување на Брегалница на највисоко ниво во домашниот фудбал. Делејќи ги заедничките определби за етаблирање на Брегалница на врвот од македонскиот фудбал, со именувањето на Ѓорѓиоски амбициите и плановите на клубот за следната сезона остануваат: излез на европската сцена и паралелна промоција и развој на младите талентирани фудбалери на клубот како можност потоа и за интернационална кариера, а се во интерес и воопшто на развојот на македонскиот фудбал“ истакна сопственикот на Брегалница, Кирил Гогов, веднаш по потпишувањето на новиот договор со Илчо Ѓорѓиоски.