Македонската женска ракометна репрезентација го одигра првиот пријателски натпревар во Оран, домаќинот на Медитеранските игри.
Избраничките на Љубомир Савевски беа поразени од Тунис со убедливи 31-21 (15-10), техничките грешки и промашените зицери биле главниот проблем за „црвено-жолтите“.
Денеска женската репрезентација ќе има шанса за поправен, ќе игра против домаќинот на МИ, Алжир. Првиот официјален натпревар на турнирот, репрезентацијата ќе го игра на 30 јуни против Турција.
Македонија се наоѓа во групата Б на Медитеранските игри и ќе игра против Србија и Португалија.
Состав на Македонија:
Марија Јовановска, Андреа Седлоска, Сара Стефановска, Сара Миновска, Теодора Дукоска, Емилијана Ризоска, Ангела Јанкуловска, Ива Младеновска, Јована Кипријановска, Ивана Арсениевска, Александра Коловска, Ивана Џатевска, Борјана Коцева, Бојана Коцева, Матеа Чурлиновска, Марија Јанкуловска