Андреј Стојановски го освои 44. место во конкуренција на 49 пливачи на СП

429

Македонскиот пливач Андреј Стојановски го освои 44. место на 50 метри грбно на Светското првенство во пливање кое се одржува во Будимпешта. Стојановски трката ја заврши за време од 28.43 секунди во конкуренција на 49 пливачи.

Стојановски ја заврши трката на 50 метри грбно за време од 28.43 секунди 69 стотинки послабо од неговото пријавено време.

Првопласиран во квалификациите беше Американецот Џастин Рес со време 24,24 секунди.

ПретходноТасевски или Васоски на клупата на Брегалница, во “игра“ е и Кузманов!
СледноСтруга ТЛ го промовираше Јусуфи