Дејвис Куп: Ивановски победи, но Македонија поразена од Молдавија!

91

Трет меч и трета победа на нашиот Калин Ивановски за Македонија во третата група од Дејвис Купот. Сепак бадијала, Македонија одново е поразена, сега од Молдавија со 1:2.

Калин Ивановски прво со 2:0 го победи Молдавецот Снитар, но Горазд Србљак во вториот меч загуби од Чозбинов. За да во решавачкиот меч во двојки, Ивановски и Србљак беа поразени од Цозбинов и Снитари со 0:2 за конечни 1:2 за Молдавија.

ПретходноСтефан и Милан Ристовски: Во Словенија ќе има братски дуел!
СледноШкендија спрема нова “БОМБА“: Агим Ибраими спортски директор на тетовци!?