Заокружен уште еден трансфер: Газдите на Сити му исполнија уште една желба на Гвардиола

424

Манчестер Сити ги финализирал преговорите со Лидс Ј. за потписот на Калвин Филипс, објавија вечерва неколку угледни англиски медиуми. Дали тоа значи дека наскоро и официјално Филип ќе стане новиот „граѓанин“?

Младиот Англичанец со месеци е на радарот на шампионот во Премиер лигата, а Лидс се надеваше дека влегувањето на Ливерпул во битката за него, ќе доведе до „војна“ со понуди, но Сити сепак бил конкретен.

Информациите велат дека Филипс се сели на „Етихад“ во трансфер вреден 42 милиони фунти, кој може да „скокне“ и до 50 милиони фунти, доколку се исполнат сите бонуси.

ПретходноРишарлисон е замената за Лукаку во Челзи
СледноВимблдон ќе остане и без шампионката од УС Опен?