Лука Дончиќ уште на стартот на подготовките и се приклучи на Словенија. НБА ѕвездата и член на Далас и ова лето ќе го носи дресот на својата земја иако зад себе има напорна сезона, а соиграчите од националниот тим го дочекаа со овации.
Дончиќ за Словенија ќе игра уште во сабота на пријателскиот меч со Италија, а додека потоа следи предизвикот во квалификациите за СП 2023 година.
Aplavz dobrodošlice na začetku treninga za @luka7doncic.
Nekaj vstopnic za sobotni obračun med 🇮🇹 in 🇸🇮 je še na voljo na https://t.co/tfNUxHtUSa. #mojtim 🏀🇸🇮💪 pic.twitter.com/ggQG7nuVc1
— Košarkarska zveza SIovenije (@kzs_si) June 23, 2022
Словенија на 30. јуни ќе игра против Хрватска, додека потоа оди на гости кај Шведска, каде Дончиќ и неговиот тим се фаворити. Словенците се втори во групата Ц со скор од 2-2.