Фудбалерите на Струга Трим Лум и официјално ги стартуваа подготовките за наредната сезона во ПМФЛ. Под водство на стратегот Срѓан Захариевски веднаш се одработија првите тренинзи. Секако дека тука е и големото, “бомбастично“ засилување Бесарт Ибраими од кого се очекуваат и многи голови. Интересно, во џогингот, како што се гледа од фотографијата, него друштво му прави тренерот Захариевски.
Засега не е планирано стружани да одат некаде надвор од својот град, но планирани се неколку пријателски средби.
Да потсетиме дека покрај Бесарт Ибраими, од вчера во клубот е и Фатјон Јусуфи, досегашниот играч за врска на Ренова.