Јакуп Бериша (22), некогашниот голем талент на Вардар, од денеска и офцијално е ново име во Кукс, клуб од елитната лига на Албанија. Да потсетиме дека до пред некој ден, офанцивецот беше член на битолски Пелистер.
Инаку Бериша е “дете“ на Вардар, но во зимата 2019 година направи трансфер во Шкендија. Во таборот на тетовци не се снајде баш најдобро, потоа замина во Шкупи, за да минатото лето се пресели во Пелистер.
Да кажеме дека Бериша има играно за сите младински селекции на Македонија, а за Кукс потпиша тригодишен договор.