Луис Суарез се враќа во старото „јато“

636

На Луис Суарез му истече договорот со Атлетико Мадрид, како слободен играч бара нова средина. Според страските медиуми тој би можел да се врати во старото јато, поточно во тимот на Ајакс чиј дрес го носеше од 2007 до 2011 година, по што замина во редовите на Ливерпул.

Ајакс го продаде Себастијан Халер на Борусија Дортмунд за 35 милиони евра, а Суарез го гледаат како идеална замена за него, плус би дошол бесплатно.

Суарез од Ајакс играше за Ливерпул, Барселона и Атлетико Мадрид.

Во својот прв „мандат“ во дресот на холандскиот тим настапи на 159 натпревари и постигна 111 гола со 68 асистенции.

Со Ајакс, Суарез беше победник на Купот и шампионатот, беше најдобар стрелец во 2010 година со 35 гола, кога беше и прогласен за најдобар играч.

ПретходноТетекс промовираше петмина нови фудбалери
СледноЖФК Љуботен против Сент Полтен во Лигата на Шампионите