МЗТ Скопје во преговори со најдобриот македонски кошаркар за изминатата година!

2005

МЗТ Скопје веднаш се фати за работа. Аеродром не мирува, почнува со составување на тимот кој следната сезона ќе има нови и убави предизвици, а тоа е настапот во АБА 1-лига.

Прво засилување во редовите на актуелниот македонски првак треба да биде Андреј Магдевски. По само една година, најдобриот кошаркар за изминатата година би можел да се врати во дресот на тимот од Аеродром. Магдевски е во одлична форма, тој беше главен лидер во екипата на Плоешти, каде запиша одлични бројки.

Раководството на клубот е во преговори со македонскиот репрезентативец, со што пак најавува дека и следната сезона нашите играчи ќе бидат дел од МЗТ Скопје и ќе имаат шанса да играат во јадранската елита. Заедно со странските засилувања треба да дадат совршен спој за исполнување на амбициите.

Тој е првото од многуте планирани играчи кои треба да го облечат сино-белиот дрес. МЗТ Скопје со доаѓањето на новото раководство успеа да го исполни сонот на сите аеродромци, кам-бек во јадранската елита, во Скопје ќе гостуваат тимови со европски шмек, голем чекор за македонската кошарка.

Она што е сигурно е дека капитенот на тимот ќе биде Дамјан Стојановски, првиот играч кој ја продолжи соработката.

ПретходноИзненадување на НБА драфтот: Орландо го одбра Банкеро!
СледноЗа него нема важни и неважни мечеви: Дончиќ игра и пријателски средби за Словенија