Свен Ботман, по се изгледа, е нов фудбалер на Њукасл. Иако цела полусезона го селеа во Милан, на крај, стоперот на француски Лил ги договорил сите услови со англискиот премиерлигаш и наскоро неговиот трансфер на „Ст. Џејмс Парк“ ќе биде потврден.
Стоперот веќе ги договорил сите услови со Њукасл Јунајтед, а дополнително Њукасл Јунајтед ја договорил и цената со Лил, па трансферот би можел да биде официјализиран во наредните часови.
Лил бараше 30 милиони евра, плус бонуси, а Милан одби да ја плати оваа цена за Ботман. Њукасл веднаш излезе со почетна цена од 40 милиони евра и дополнителни бонуси, кои беа повеќе од прифатливи за Французите.
Фабрицио Романо веќе објави дека вечерва ќе се потпишуваат документите меѓу Њукасл и Лил, а целосниот трансфер е договорен и потврден на сума од 37 милиони евра со бонуси. Веќе се закажани и лекарските прегледи.