Најавено, па потврдено: Бабунски нов тренер на Победа!

488

Како што најави „Спортмедиа“ пред неколку денови, ФК Победа денес постигна договор и во новата повратничка прволигашка сезона нов Шеф на Стручниот штаб на прилепскиот прволигаш ќе биде Бобан Бабунски. 54-годишниот поранешен македонски и југословенски репрезентативец и тренер на А и младата репрезентација, кој беше предводник и на Вардар и Работнички, денес ги договори условите за взаемна соработка со црвено-белите. Бабунски за понеделник 27-ми јуни во 17 часот на Градскиот стадион ,,Гоце Делчев“ ја закажа прозивката со која ќе биде означен и почетокот на подготовките на фудбалерите на Победа. На првиот собир новиот тренер и првиот човек на Победа Благоја Гешоски ќе го образложат планот на подготовките како и потребните засилувања со цел успешна сезона на клубот по враќањето во елитното друштво.

ПретходноПознат распоредот во Серија А: Елмас почнува против Верона, шампионот со Удинезе…
СледноСтефан и Милан Ристовски: Во Словенија ќе има братски дуел!