Нигериец на проба во А. Пандев…струмичани утре на мегдан со Левски Софија! (ВИДЕО)

496

Академија Пандев, една од трите наши екипи кои ова лето ќе ја претставуваат Македонија во Лигата на Конференции, и натаму се обидува адекватно да се засили. Па така како што дознаваме, во моментов во клубот на проба е играч за врска од Нигерија, Амос Дадет (22) кој досега бил член на словенечкиот второлигаш Кршко. Во случај да задоволи на пробата, тогаш со Нигериецот ќе се потпише договор.

Инаку утре во Софија, А. Пандев ќе одигра пријателски меч со бугарскиот гигант тимот на Левски Софија. Како што дознаваме овој натпревар ќе биде следен и од газдата на струмичкиот прволигаш Горан Пандев.

Почетокот на мечот е закажан за 17 часот по македонско време.

ПретходноПријателска: Женската А-селекција на Македонија со 3:1 го победи Косово! (ФОТОГАЛЕРИЈА)
СледноПресврт: Илчо Ѓорѓиоски на клупата на Брегалница до 2025!!!