По 6 месечна пауза, српскиот интернационалец Урош Мирковиќ се врати во ГФК Тиквеш 1930. Како што потврдија вечерва од кавадаречкиот прволигаш, Мирковиќ потпишал едногодишен договор и веднаш му се ставил на располагање на стручниот штаб на тимот.
Интернацоналецот од Србија веќе одработи еден краток мандат во Кавадарци, а ете сега управата на кавадаречкиот тим одлучи повторно да го ангажира.