Од утре и Работнички, еден од нашите најтрофејни клубови ќе биде во „погон“. Имено утре во 18 часот новиот шеф на струката Љупчо Марковски – Калц ќе го одржи првиот состанок, а потоа ќе се одработи и првиот тренинг.
Со тоа и Работнички ќе ги започне подготовките за новата сезона.
За тоа каков е планот на подготовките, Марковски за „Спортмедиа“ истакна…
„Утре во 18 часот на спортскиот комплекс на Работнички во Градски парк е закажан собирот. Секако дека ќе треба прво да се запознаеме меѓусебно. Пред мене, но и пред самата екипа е нов предизвик. Планот е до 9 јули да се работи во Скопје, а потоа ќе видиме што и како. За 9 јули закажана е и првата пријателска и тоа со Брегалница. Во врска со преодбиот рок засега ново име е Игор Алексовски, секако дека ќе има уште нови играчи, но за тоа допрва ќе видиме“ заклучи Калц Марковски.