Тасевски или Васоски на клупата на Брегалница, во “игра“ е и Кузманов!

1688

И дефинитивно е јасно дека Илчо Ѓорѓиоски не е веќе стратег на штипските „сини“. Она што синоќа ексклузивно го објави „Спортмедиа“ е главна тема на фудбалски муабет во градот под Исасрот. Денеска за разделбата се очекува и официјално да се произнесе и раководството на клубот.

Или пак ќе почека со изборот на нов тренер па потоа заедно во “пакет“ да објави за смената на клупата.

Инаку нашите информации велат дека први кандидати за наследник на Илчо се Жикица Тасевски и Александар Васоски. И двајцата се познати наши стратези кои работеле во повеќе наши клубови, а имаат и интернационална тренерска кариера.

Исто така од “сенка“ кандидат или во “игра“ е и Никола Кузманов, актуелниот тренер на Слога Виница, тренер кој со виничани лани направи фантастични резултати во ВМФЛ – ИСТОК.

Сепак да почекаме, да ја видиме реакција на Брегалница, за кое тренерско има ќе се одлучи.

ПретходноЈулската мисија стартува утре, Бајиќ ќе прозива во СЦ „Борис Трајковски“
СледноАндреј Стојановски го освои 44. место во конкуренција на 49 пливачи на СП