Тетекс промовираше петмина нови фудбалери

1274

Тимот на Тетекс со нова управа прави во моментов промена на екипата во која многумина си заминаа. Новитетите пристигнаа и се промовирани, а во моментов се петмина.

Флорент Османи Димитар Иванов од екипата на Беса, репрезентативецот до 19 години Антонио Мирков кој доаѓа од екипата на Саса, како и младите Давид Манџуковски и Стојан Попоски од Кадино се новитетите во Тетово, додека пак продолжени се договорите со со Борис Јаќимовски, Мухарем Мислими, Агон Елмази и Стефан Стефановски.

Во првиот тим од младинскиот погон се приклучени и младите Арлинд Алији, Даниел Николовски, Мерван Имери и Бесмир Камбери кои се сметаат за перспектива на клубот.

Првата прозивка ќе се одржи на 6ти Јули, а главната фаза ќе се одржи во Струга, каде се заминува на 22ри Јули. Во подготвителниот период ќе се одиграат 6 контролни натпревари.
ПретходноСтруга ТЛ го промовираше Јусуфи
СледноЛуис Суарез се враќа во старото „јато“