Шкендија спрема нова “БОМБА“: Агим Ибраими спортски директор на тетовци!?

1938

По трансферот на Влатко Стојановски, како што дознаваме Шкендија спрема нова “БОМБА“. Имено нашите информации велат дека газдите на Шкендија, односно спонзорот „Еколог“ го посакува Агим Ибраими за нов спортски директор.

Агим е “дете“ на Шкендија, еден од најдобрите фудбалери кои овој клуб го имала, ако не и најдобар, господин, спортски џентлмен што се вели. Еден од најдобрите наши фудбалери во 21 век, репрезентативец кој има 40 настапи за А- селекцијата на Македонија и 7 голови.

Фудбалер кој до пред некој ден беше член на Динамо Тирана, а претходно покрај Шкендија, во својата кариера има играно и за Олимпија, Ескишехиспор, Марибор, Каљари, Астана, Домжале, Кукс, Динамо Тирана. Голема наша фудбалска ѕвезда.

Шшпекулациите велат дека со него веќе имало разговори, идејата а таа, сега останува секако и да се прецизираат некои детали.

Секако дека ова би бил голем плус за сите во Шкендија.

Ова не значи дека му се загрозува работата на Артим Шаќири, кој сега има две функции во тимот, и тоа како тренер и како спортски директор во Шкендија.

Неофицијално Артим повеќе сака да остане како тренер, а има место и за двете наши големи фудбалски легенди во клуб како што е Шкендија.

ПретходноДејвис Куп: Ивановски победи, но Македонија поразена од Молдавија!
СледноДенеска почна првиот регионален фитнес судиски семинар! (ФОТОГАЛЕРИЈА)