Денеска почна првиот регионален фитнес судиски семинар! (ФОТОГАЛЕРИЈА)

160

Фудбалската федерација на Македонија за прв пат, воопшто, надвор од рамки на УЕФА, е организатор на првиот регионален фитнес камп / семинар за судии кој денеска започна со работа.

Нашата федерација е иницијатор и целосно го организира кампот на кои учествуваат судии (машка и женска судиска тројка) од десет држави од регионот.

За предавач на семинарот, ФФМ успеа да го обезбеди Вернер Хелсен. Главниот тренер за судии на УЕФА ги селектираше и подготвуваше судиите за последните три Светски првенства и последните шест Европски првенства.

На отворањето на семинарот, присутните судии од Словенија, Хрватска, БиХ, Србија, Црна Гора, Косово, Романија, Бугарија, Албанија и Македонија беа поздравени од раководството на ФФМ, претседателот Муамед Сејдини и генералниот секретар, Филип Поповски.

Ние како Фудбалска федерација на Македонија веруваме дека само со работа може да се постигне развој на сите полиња. Затоа и во овој сегмент, за развојот на судиите сметаме дека е неопходна континуирана едукација на сите нивоа за да се достигне повисок степен на знаење, но исто така и на физичка подготвеност. Целосно стоиме на располагање, како и досега, на сите наши заинтересирано страни да ја обезбедиме поддршката и да се посветиме на развојот на фудбалската игра, изјави во своето обраќање претседателот на ФФМ, Муамед Сејдини. 

Наша цел и овој пат, со организација на првиот семинар во ваква рамка е да размениме знаења и искуство во делот на судењето и фитнес подготовката на судиите, но исто така и да изградиме нови мостови на соработка и поврзување. Делот од предавањата и практичната подготовка сакавме да го прошириме со останатите колеги од регионот, како што впрочем го правиме во останатите сегменти на фудбалската игра. Благодарност до сите кои придонесуваат да имаме убаво и искуство кое ќе не направи и посилни и побогати со знаење”, изјави генералниот секретар на ФФМ, Филип Поповски. 

May be an image of 4 people, people standing and indoor

May be an image of 5 people and people standing

May be an image of 14 people, people sitting and people standing

May be an image of 13 people, people sitting, people standing and indoor

May be an image of 5 people and people standing

ПретходноШкендија спрема нова “БОМБА“: Агим Ибраими спортски директор на тетовци!?
СледноДеспотовски и Новевски ќе играат за Македонија