Македонскиот првак во женска конкуренција, тимот на ЖФК Љуботен го доби својот противник од групната квалификациска фаза за Лигата на Шампионите. Тоа е шампионот на Австрија, Сент Полтен, додека пак втората двојка се претставниците на Белорусија, тимот на Динамо против шампионот на Бугарија, тимот на Локомотива од Стара Загора.
Дополнително ќе биде објавен терминот на одигрување на мечот како и местото на одржување на турнирот.