За него нема важни и неважни мечеви: Дончиќ игра и пријателски средби за Словенија

242

Лука Дончиќ уште на стартот на подготовките и се приклучи на Словенија. НБА ѕвездата и член на Далас и ова лето ќе го носи дресот на својата земја иако зад себе има напорна сезона, а соиграчите од националниот тим го дочекаа со овации.

Дончиќ за Словенија ќе игра уште во сабота на пријателскиот меч со Италија, а додека потоа следи предизвикот во квалификациите за СП 2023 година.

Словенија на 30. јуни ќе игра против Хрватска, додека потоа оди на гости кај Шведска, каде Дончиќ и неговиот тим се фаворити. Словенците се втори во групата Ц со скор од 2-2.

ПретходноМЗТ Скопје во преговори со најдобриот македонски кошаркар за изминатата година!
СледноШпански гигант гради нов стадион…ќе изгледа спектакуларно!(ВИДЕО)